Должен бев да ти објаснам зошто кај кравите нешто не ми се допаднало. Не сум го направил тоа таму, ама е овде добра прилика. Таму имаш беспрекорен амбиент, само една две крави избришав и се обидев да ја отстранам едноличноста на осветлението. Затоа секогаш повторувам дека не се слика на пладне, особено не пејсаж. Овде призорот не е толку убав и природен, ама добро е тоа што е сликано попладне и еден дел е во сенка. Впрочем има една дефиниција за фотографијата дека е игра на светлости и сенки. А, на пладневните фотографии нема сенка, затоа што сонцето е рамно горе и се подеднакво осветлува.