Секаде :) , јас би ти препорачал да го одврзеш повеќе ќесето и да дадеш 10-15 еура за Logitech тастатура. Нема да зажалиш. Инаку, на сликата не е баш доловено колку е валкана мојата тастатура :)
Покрај целата моја естетска и инаква толерантност, во оваа слика не можам да видам ништо, освен, можеби неисчистениот киборд (као и мојот, впрочем). Но, тоа не значи дека фотографијата е лоша. Само значи дека твоите и моите мотиви и естетски назори битно се разликуваат. Нема да ја оценам, затоа што не сум Господ! Можеби тука има нешто што јас не го гледам. Секако дека има острина, композициска среденост...ама тоа не е доволно да ми се допадне. Најпријателски поздрав!