Сега јас ќе ви пратам Musca Domestica да видите што е мува. А што ми фали кај оваа - не е доволно остра и многу малку се изразени крилата. Требало малку поодозгора да се фати, така би била и поголема острината, оти повеќе детали би се довеле во иста рамнина, кога веќе ти нема длабинска острина објективот. Јас мислам дека блендата била сосема отворена, а макро не се слика со отворена бленда, туку што позатворена!