Ова за мене е прекрасно, ме потсетува на некои поубави времиња, ама на вистински начин. Многу добро светло си одбрал, а и композиција. Нема богзнае што на неа, мислам да ги задоволува тие претенциозни правила фамозни, ама штимунгот, штимунгот е најважен, најважно е буди ли чувства и какви. Оваа буди и тоа такви какви што треба. Може да се проба да се отстранат жиците и бандерите. Не дека не припаѓаат на претставениот енвиронмент, баш припаѓаат, ама како да се лошо распоредени, па одлекуваат внимание, некако како да вознемируваат.