Внесени коментари:
Незнам што да кажам овдека ...
Можеби најдобро би било да ги немаше луѓето, вака насловот „Сфери„ ми доаѓа како исмејување на ликовите и карактерите на личностите кои се појавуваат во фотографијава (бидејќи и двајцата се со малку поголеми пропорции)
Можеби насловот „сфери„ се однесува на двата полукруга над прозорците од излогот на продавницата, или на двата наптиса?

Ако е тоа така тогаш повторно луѓето се пречка, поставена во центарот на фотографијата, што не е баш најсоодветно место за поставување на нештата.

Ако ги занемариме личностите и ги гледам само озлогот и плочникот како единствени елементи во кадарот, тогаш можам да кажам дека недостасува кнтраст во фотографијата, страда од barrel distorsion (потребно е исправање на вертикали) и би кропувал малку потесно за да се избегнат деловите над сферите и вертикалниот кабел од десно, со тоа што би ја задржал симетријата лево-десно
Боби Кузманоски, 11.08.2006 17:35:00
Добар ти е почетокот: „Незнам што да кажам оквдека....“ и кажуваш еден од подолгите коментари :))))
Вака,... изгледа добро знаеш на што се однесува „сфери“, само не сакаш да бидеш непристоен, бидејќи сметаш дека дебелнита е карактеристика од која луѓето треба да се срамат :).
„Сфери“ се однесува на името на продaвницата, на полукруговите над продавницата, и да, и на луѓето во центарот на сликата....
Па ете ти си „открил“ уште една сфера на сликата barrel distorsion-от :)))).
Шега на страна, немав намера никого да навредам или исмејам со сликата и најискрено се извинувам ако сум го направил тоа. Доколку некој смета дека е навредлива ќе ја повлечам.
Сликата не е обработувана или исправана, само е кропната и „плесната“ на сајтов. Не ни сметав дека е нешто посебно убава, но ми се виде интересна.....
Александар Велев, 11.08.2006 18:10:00
5
mnogu dosetlivo
angel b, 11.08.2006 18:57:00
*****
Вака,... изгледа добро знаеш на што се однесува „сфери“, само не сакаш да бидеш непристоен, бидејќи сметаш дека дебелнита е карактеристика од која луѓето треба да се срамат :).
*****
Да не бидам погрешно разбран. Имам доста пријатели, роднини и познаници кои имаат одвишок килограми и мислам дека дебелината не е карактеристика од која луѓето би требало да се срамат. Напротив, тие се едни од највеселите и најдружељубивите луѓе на светот. Незнам зошто, но јас имам таква представа :))

Едноставно муабетот ми беше наменет за тоа со каква цел е поставена фотографијата на сајтов.

Друго што ќе кажував ... на мислење сум дека фотографијава треба да остане на сајтов, и дека ќе се развие озбилна и интересна дискусија. До сега го читав твојот пост во форумот, дадов некои одговори, во врска со промените кои беа направени изминативе 6 месеци.

Добредојде назад :)
Боби Кузманоски, 11.08.2006 19:04:00
супер е, се е сферично некако ...хе хе хе.
Навистина интересен момент си фатил и не мислам дека е навреда до било кој
Игор Костов, 11.08.2006 19:19:00
ke bese super ako si pocekal covekot da e svrten napred,a ne da gleda vo tebe
*zatko *, 11.08.2006 19:38:00
wau kakva diskusija! Super duhovita fotka.Nikako ne e za trganje.Ova go kazuva chicho sfera! :))
Зденко Петровски, 11.08.2006 19:58:00
aj majkata ...vidi situacija:)
stole angelov, 11.08.2006 22:06:00
:) :)
Андријана Костова, 12.08.2006 00:49:00
super!
...mi se svigja!
:-)
Александар Коцев - Сале, 12.08.2006 03:16:00
5
Arb C, 07.03.2009 20:09:00