Ако не се лажам другото е мечка. Според преданието некој селанец додека орал дошла мечка и го изела едниот вол. Селанецот му кажал на Св. Наум што се случило, а тој ја нашол мечката во полето и со збор ја припитомил. Па така мечката го превземала местото на волот во запрегата и така се во наредните неколку години. Кога си го отплатила долгот пак си отишла. Отприлика така беше ако не се лажам.