Дождовни капки на прозорецот од спалната соба
безброј капки
големи и мали
студени и врели
некои се тркалаа
а другите цврсто стоеа на прозорецот
безброј капки
сите кристално чисти
а Таа стоеше пред нив…
…пред солзите на сопствениот живот.
Го преместуваше погледот од капка на капка
...од солза на солза...
...си припомнуваше...
си го препознаваше минатото во секоја една
...плачеше...
...се радуваше...
душата и заигруваше
насекаде имаше Љубов
вистинска Љубов
во секоја една капка
во секоја една солза