Branko ne se sekiraj za vakvoto ocenuvanje. Duplite kecovi na moite sliki (veruvam i na tugjite) se od Pierrot. Toj ima dva logini i gi duplira svoite petki i prezemanja na fotografiite.
|
Andon Davcev, 13.05.2005 09:08:00
|
|
|
Toa ne e resenieto za kecovite na moite sliki, mislam deka ima mnogu lugje so poise logini sto mesto da si stavat petki na svoite ( sto bi bilo pokreativno valjda) preferiraat da stavaat kecovi na tugjite. A moite pa dobivaat kecovi otkako kje vlezat vo top fotografii... Ah kolku me saka nekoj :))))) |
ерор јузер, 13.05.2005 09:23:00
|
|
|
|
Не се секирам! Не обвинувајте некого ако немате аргументи. Администраторите на сајтот ич не се секираат што секој сам може да си даде оцена а не се ни потрудија да ги тргнат оценките што сам си ги ставив и посочив да ги тргнат. А не се ни потрудија да одговорат. И нормално после подолго несекирање нема да има што да браме на сајтов... |
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 10:41:00
|
|
|
|
A da ne nema sajtov administratori? Mislam sekoj admin do sea kje dojdese barem seir da fati ako ne drugo... Sekoj postoecki admin that is :) Inaku dobra e fotkava, steta sto zaradi ovoj muabet prvpat ja primetiv :) |
ерор јузер, 13.05.2005 10:55:00
|
|
|
|
ерор јузер, 13.05.2005 10:56:00
|
|
|
|
Мислам дека оценките и рејтингот не се најбитни. Позитивен коментар за сликата од страна на еден или повеќе луѓе вреди повеќе од сите петки и кецови. Формулата за рејтинг е лоша, така што една единица го расипува рејтингот повеќе отколку што 5 петки го поправаат :), па полесно е да се даде 1 на туѓа слика (бара едно логирање) и да се „подобри“ рејтингот на својата, отколку со 5-6 петки да се подобри рејтингот на својата (ова бара 5-6 логирања). Доволно „елаборирав“ :) |
Александар Велев, 13.05.2005 10:57:00
|
|
|
|
... и ако не функционираат како што треба оценките подобро да ги нема .. |
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 11:00:00
|
|
|
|
Definitivno. Ama i toa e ostaveno na nepostoeckite admini. |
ерор јузер, 13.05.2005 11:06:00
|
|
|
|
Целосно се согласувам со се што е изнесено подолу и мислам дека сајтов може успешно да функционира без оглед на рејтингот, оценки и сл. Според мене фотографиите би требало само да се коментираат. Тоа делува поттикнувачки на оние кои аматерски се занимаваат со фотографија, па и на професионалците, а секој (ако е самокритичен) ќе може врз основа на коментарите да си го „оцени“ својот рејтинг, кој најпосле само за него и има значење. |
Анита Илиева, 13.05.2005 11:21:00
|
|
|
|
Kje recev deka e podobro spored prezemanja i pregledi da se ocenuva ama i so toa moze da se manipulira naveliko, a i kje se, se dodeka ima lugje so premnogu slobodno vreme:) Problemot e sto ogranicuvanjeto e po user a ne po IP, a ako toa nemoze da se smeni, nemoze nikako da se pomogne ... |
ерор јузер, 13.05.2005 12:16:00
|
|
|
|
Фотографијата ја преземем за да можам да ја погледнам реално но само ако е до 200к. Бидејки на сајтот tumb-ot изгледа лошо, прегледот е мал и во рамка која зафаќа 15% од употребливата повшина на екранот. Ако не ја преземам фотографијата не ја ни оценувам. Не гледам зошто преземањето на фотографијата е знак за популарност (може е - но не мора да значи). |
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 12:32:00
|
|
|
|
Зошто не се воведе класично гласање за неколку предложени фотографии (пример 10), кои би се нашле на листата според бројот на прегледи и преземања. |
Анита Илиева, 13.05.2005 12:33:00
|
|
|
|
Stvarno e zaebano... Edinstveno malce sto bi ja podublazilo rabotava e ako moze da se onevozmozi stavanje na ocena pod 4 bez komentar. Mislam bi bilo fer. Komentarite i onaka nemozat da se izbrisat, barem toj sto kje gi stavi slabite oceni treba da stoi zad toa. A do petkite sto se odnesuva... Pomalku kje mi smeta nekoj ako si stavi 10 petki, nego ako mi stavi mene 10 keca :) |
ерор јузер, 13.05.2005 12:34:00
|
|
|
|
Според мене, коментарите (конструктивните) се важен показател, но факт е дека многу луѓе, ги прегледуваат и ги преземаат фотографиите, но ниту ги коментираат ниту ги оценуваат. Тоа се должи, веројатно, на (се уште) недоволното знаење, не верувам дека е од незаинтересираност или од злоба. |
Анита Илиева, 13.05.2005 12:40:00
|
|
|
|
Мислам дека предлогот на Анатема е одличен, да не може да се стави ниска оценка без коментар, или - воопшто да не може да се стави оценка без коментар. |
Анита Илиева, 13.05.2005 12:42:00
|
|
|
|
Инаку покрај толку коментари редно е .. Фотографијата ми се допаѓа, малце премногу светилки за мој „Ф“кус. Убав кадар, уште подобар чадор. |
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 12:43:00
|
|
|
|
Имаше предлог гласањето да не биде со оценки туку едноставно гласање „за“. Така што еден корисник ќе може да гласа за фотографија или да не гласа. Ако гласа - супер, ако не гласа - No harm done. Може да гласа само еднаш за една фотографија. Со ова се елиминира негативното гласање кое е штетно, а ако корисникот има 10 различни user-а нека си гласа колку сака за себе (веќе заклучивме дека со ова не може многу да си помогне, колку што одмага со негативно гласање).
А споредбата со imdb мислам дека овде не е соодветна. И таму претпоставувам дека би се случило истото ако 90% од посетителите и „гласачите“ на сајтот би биле самите режисери, актери, сценаристи :))..... Барем јас така мислам |
Александар Велев, 13.05.2005 12:46:00
|
|
|
|
На форумот има тема по ова прашање... |
Анита Илиева, 13.05.2005 12:50:00
|
|
|
|
imdb i foto sajt se babi i zabi :) A imdb kao sajt mi e totalno nemerodaven, isto kako i ovoj :) Bez navredi :) Samo natprevaruvackiot duh kaj "makedonceto" znae da bide opasen, kako sto vekje kazav "da mu crkne kozata na komsijata", a ne "daj da si kupam i jas takva koza"... U sekoj slucaj definitivno pomalce kje me zamara dobar rejting kaj losa fotka nego los rejting kaj dobra fotka (kako sto vo posledno vreme se iznagledav)---- i ne zboram za moite:))) Jas glasam za komentar + ocena. |
ерор јузер, 13.05.2005 12:54:00
|
|
|
|
Сите приговори ви се ОК. Сега еден и од мене ама не до сајтов туку до Вас - зошто ВИЕ не оставате коментари? Зошто тоа секогаш треба да го прави НЕКОЈ ДРУГ. Анатема е донекаде исклучок, ама само донекаде... |
Зоран Т., 13.05.2005 13:14:00
|
|
|
|
Sto be donekade?:))) Pa lesno li e da se raspravas sekoj den so paranoici sto kje te sfatat 98% pogresno za sto i da kazes ?:) Zatoa na povekjeto fotki na koisto im stavam petki ne komentiram, da ne kazam slucajno nekoe "ama" pa da dobijam uste nekolku keca kao "fala". |
ерор јузер, 13.05.2005 13:25:00
|
|
|
|
Еве јас да одговорам од тие што бевме искарани. Јас не коментирам често бидејќи сметам дека на сајтов има доста „фотографски“ образовани луѓе кои се компетентни не само да искоментираат туку и да посоветуваат и да стручно да проценат и изнесат свое мислење за сликите. Јас како фото ентузијаст само би се приклучил на коментарите на овие луѓе и би дополнил по потреба. Ретко иницирам коментари. |
Александар Велев, 13.05.2005 13:29:00
|
|
|
|
Не, не е лесно :) Ама во тој случај и сето она што го бараме паѓа во вода...Дури и единицата е подобра од нула, барем некој се потрудил... |
Зоран Т., 13.05.2005 13:32:00
|
|
|
|
За Александар - Јас воопшто не сум компетентен, само кажувам што мислам додека гледам некоја фотографија. А сите нешто мислиме, нели? |
Зоран Т., 13.05.2005 13:35:00
|
|
|
|
Каде се спомна нешто во врска со „моралната обврска“ да се комнетира?. Не ми се допаѓа фотографијат не ја коментирам не ја оценувам. Ми се допаѓа фотографијат, ја оценувам со висока оценка. Моментот на: давам 1, не кажувам аргумент е дискутабилно (манипулација, малициозна забава..). Како и да е ..ММЕ кој прв почна .. се откажувам од понатамошни коментари, се оградувам од било какви посочувања и употреба на лични заменки, освен од оние кои се упатени до администраторот |
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 13:40:00
|
|
|
|
Мислам дека ти беше тој што рече дека коментарот му е поважен од оценката. Морална обврска е она што го бараш од другите да го даваш и самиот. Точно е дека дискусијава малку претера... |
Зоран Т., 13.05.2005 13:47:00
|
|
|
|
Поважен е! Не барам! Кажувам: 2 пати единици на коректна фотографија - манипулација! Не прозивам!
|
Бранко Аврамовски, 13.05.2005 13:54:00
|
|
|
|
Tu bre, kolegi i prijateli!
Sto muabet ste iznavrzale bez mene... |
Andon Davcev, 13.05.2005 14:35:00
|
|
|
Dosta raspravanje...Ke vi pisam na site po eden 1 :)))).Suepr e slikava a neka mu sluzi na cest toj sto se obidel da ja skvernavi.Ne mislam samo na ovaa slika tuku na site nepravedno dobieni edinici. |
Micko Damnjanovski, 14.05.2005 00:38:00
|
|
|
|
|