Недовршена! Прво требало да се исчисти сликата од тие работи што ги формират линијските ќелии, за секој случај да се дуплицира layer-от, па да се додаде ефектот и да се провери како би изгледало сето со блендање во сите можни варијанти! Ова е и вака добро, само без тие „линиски“! Не мислам на стебленцата, разбира се!
Јас ги средив, magic wand 33 opacity, а може и помалку и само ги затемнував. Затемнувањето нормално се прави на зголемена слика за да избегнеш драстични разлики во затемнување, контраст и боја! А има и друга финта, селектираш една апроксимативна група на ќелии, layer via cut, duplicated layer и со moving tool си ја ставаш таа група кај сакаш! Ова е добро да се знае оти не секогаш можеш да предвидиш каде ќе ти прави бељи, па наместо да се враќаш назад и „од кутура“ местиш работи и пак пробаш, вака применуваш принцип what you see is what you get!
А овде блендање не би било препорачливо оти се коси природата на глуварчињата со мозаик концепцијата! Ако блендаш ќе се мешат мајверојатно на штета на естетиката и логиката на окото!