Добро, повеќе ја удрив на шала, бидејќи инсектов е доста популарен овде под името Алиен. Ок. И јас имам пратено и други слики со истиов инсект, со име Алиен, па пак никому ништо. Поентата е во тоа што на сликата имаме одреден субјект, во обична поза. На ваков тип фотографија каков и наслов да ставиш нема да ја промени атмосферата, нема да ја дополни приказната(бидејќи нема приказна). Овде е битна техницката изведба. Да имаше ушпте еден инсект или пак да беше во необична поза, може да се искомпонира наслов.
Друго е кога имаш фотографии со приказна и насловот треба да ја води приказната во одреден смер(небитно, и гледачот може сам да развие сопствена приказна во врска со таа фотографија). Тогаш компонирањето на насловот е доста битно.
п.с. Баш пред да го внесеш коментарот ги гледав ''Дванаесте Величествени''. |
Димитар Атанасов, 06.09.2007 01:18:00
|
|
|
А инаку насловот како наслов лично не ми менува многу на кој јазик ќе биде напиашан. Повеќе се ставаат англиски наслови кои најчесто се познати фрази од некои филмови, песни,романи. Најчесто гледаме филмови од англиско говорно подрачје, слушаме музика на англиски и затоа повеќе од нормално е да имаме и наслови на англиски.
Иако не ми пречат, сметам дека и македонските наслови треба почесто да бидат застапени. Нејсе.
|
Димитар Атанасов, 06.09.2007 01:21:00
|
|
|
Ај и јас да дадам коментар во врска со насловите :)
Конкретно за мојата фотографија "The Nexus Approach" незнам и немам поима како тоа да го искажам на македонски а да не звучи глупаво. Поимот Nexus е строго поврзан со еден од филмовите Star Trek и жалосно е да се изнаоѓа соодветен превод на македонски или било кој друг јазик.
Со еден збор, се уништува смислата на зборот/фразата.
|
Боби Кузманоски, 06.09.2007 01:30:00
|
|
|
|
Боби, фала богу. Па тоа и ми беше зборот. Баш сакав да ја посочам твојата фотографија како пример, ама не знам што ме предомисли. Изумив едноставно. Е сега, на таа фотографија стави и наслов на македнски(не мора да биде преведен од СтарТрек) и ќе видиш дека немаше да ги добие ни 30 проценти од сегашните бодови. Чисто субјективно, онака.
Инаку, ми беше чест и особено драго што вечерва конечно се вклопив во Фото Акција.
Поздрав! |
Димитар Атанасов, 06.09.2007 01:50:00
|
|
|
А зборот/фразата има голем удел во фотографијата. Врз него се базира приказната. Мислам дека почнувам да се повторувам...... |
Димитар Атанасов, 06.09.2007 01:52:00
|
|
|
А некој нешто за кутриов ALIEN да каже? |
Димитар Атанасов, 06.09.2007 01:53:00
|
|
|
ostro fateno ... mozebi poinakov agol bi dal podobra dramatika.... |
Емануел Раднитски, 06.09.2007 04:13:00
|
|
|
|
|
Dobra ostrina...Za naslovot who cares...Mi se dopagja moknata sina boja i teksturata od samiot zid odlicno se vklopuva! |
Sanja Nikolic, 06.09.2007 13:26:00
|
|
|
|
|
Мислам дека без антените не е она што треба да биде. Тие се дел од инсектот и би требало да бидат прикажани во целост, освен при поекстремно макро каде во кадарот ќе доминира главата на инсектов |
Боби Кузманоски, 06.09.2007 23:21:00
|
|
|
|
Soglasen sum so Bobi, so edna mala zabeleska ... bubava ima tolku golemi anteni vo odnos na teloto, sto ako se celi prikazani, bubackata ce bide premala ako slikas od predna strana kako sto e ovde slucajot. |
Mire Slavejkov, 29.09.2007 16:44:00
|
|
|
|
| | | | |