Убаво е темното околу лицето, малку можеби е премногу на жолто и црвено што сигурно не е природниот изглед на кожата. Претпоставувам дека е на некакво вештачко светло сликано без да се подеси температурата на бојата. Малку делува намрштено, ама тоа не може да се смета за недостаток освен ако не размислуваме како нашите претци кои мислеа дека на слика (на кадро) секогаш треба да се биде насмеан! Ние мислиме дека квалитетот на портретот се гледа во искрениот приказ на расположението и карактерот. Мн.добар (4)!
Одлично направено, но како и секојпат има нешто што дргите би го направиле поинаку.
Моето видување е дека може да се направи малку поинаков кропинг и варијанта во црно-бело или некаде помеѓу ова и црно-белото.
Направив неколку модификации и поставени се во форумот на следниов линк:
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6299&PID=696515#696515