Немав идеја да биде ова оригинално нешто, иако може да се направи честитка од него со некаков текст(и ова е туѓа идеја). Оваа постава е многу добра за учење на мануелно експонирање. А за обработката.... ова е многу блиску до тоа што го имам фотографија на хартија, скенираниот негатив имаше некакво радијално затемнување.
Освен што технички не е баш перфектно и не ми се допаѓа четвртастиот облик. Под технички ја подразбирам острината во случајов. Недоволната острина, поточно. Има слики кај кои воопшто не е потребна острина и јас и не очекувам кај нив тоа. Ама природата на мотивот овде те тера да очекуваш острина. Можеби е само психолошка предрасуда во прашање. Но. сликата е добра во боите и тоновите и чистотата на заднината. Знам дека тоа е тешко да с изведе.