За вакви работи потребно е да се затвори блендата најмногу што се може и да се направи експозиција барем од 1/10sec за да се постигне заматувањето на водата.
Олеснителна околност е ако времето е облачно или пак ако фотографираниот дел од реката се наоѓа во сенка, тогаш може да се извади нешто подолга експозиција која ќе даде убаво заматување на водата.