Ete da prokomentirame zasto slikava dobila dve petki... Nastrana modelot, ne go komentiram, devojkata si e na mesto. No, slikava e fatene so mobilen pretpostavuvam... Kvalitetot (kompresijata i saturacijata se bedni, likot e "izgoren" pola, ima blur, temnite delovi (kosata) nemaat nikakva informacija, bokehot e kraj na programata, a da ne komentiram za pozadinata, uste koga ke dodadam i bluriraniot del napred, ne znam sto ne i fali..., izgleda deka samo modelot e dobar, a se drugo promasaj. Taka sto batki, realno fotkava ne e za 5ka, blago receno. pozdrav do site i bez hard feelings...
Не сакав ништо да кажам ама во последно време многу англиски зборови се користат,па ќе ги прашам оние што често ги користат: дали сакаат МАКЕДОНСКИОТ јазик полека да изумре или немаат соодветен збор на нашиов јазик па не можат добро да се изразат?
Се сложувам со забелешката на Зоран околу употреба на македонскиот јазик. Некоја рамнотежа треба да најдеме, сепак одредени изрази на англиски се универзални па не мора да бидеме многу строги. На пример поубаво би звучело 'заматено' место 'блурирано' или 'заситено' место 'сатурирано' ама 'Bokeh' не знам како би го превел ( а и потекнува од јапонски збор boke кој што ете, и англичаните го прифатиле).
Инаку за оценувањето, браво Мартин, некој требаше тоа да го каже. Има уште многу други фотки што се благоречено катастрофални во поглед на квалитет а добиваат 5-ки (некои почетници ќе помислат дека така треба да се слика). Не дека се бориме за оценки туку се губи смислата. Јас повеќе сакам 5 коментари одколку 20 петки. Би требало да се направи како на 'Евровизија', да добиеш еден комплет на оцени (1 до 5 или 1 до 10) и да мораш сите да го доделиш за да можеш да земеш друг комплет. Не викам дека ќе биде којзнае колку реално ама нема ваљда 10-ката да ја дадеш на оваа фотографија :-) !?!