Фонтаната е супер, но послушај ме. Без разлика на тоа каков апарат користиш, мора да има некакво фокусирање и мора да поработиш на тоа. Имаш убави идеи, само имаш проблем со фокусот. Чкрапни ако треба и сто пати некој ист објект и пробај со апаратот разни варијанти, проучувај го, се додека не ти се допадне тебе лично. Поздрав и ова ти е совет ко на пријател, пошто на сајтов не само што изложуваме слики туку ова е еден вид на дружење и разменување искуства, идеи и т.н.