Два дена се мислам дали да ја објавам сликава, но како објавија по медиумите и тоа што треба и тоа што не треба, можеме барем вака, подостоинствено да го овековечиме бродот. Правев некои фотки наоколу со син ми и вплови Илинден, не можеш да не го сликаш. Не ми се верува дека направил уште некоја тура во меѓувреме, така да ова е веројатно неговото последно впловување во пристаништето и една од неговите последни фотки. Нема оценување.