Според портфолиото гледам дека си релативно "тазе" член на сајтов, инаку би знаел дека за оваа печурка тука има разговарано повеќе пати.
Сепак не на одмет да се каже некој збор и сега бидејќи има нови членови , а и настапува сезона за печурките.
Ова е Amanita muscaria ( мувоморка) и е најфотографирана печурка од сите до сега. Нејзиниот изглед , црвена капа со бели точки прави да биде атрактивна за окото, но не и за стомакот, бидејќи е прилично отровна, па затоа препорачувам интересот за неа да биде само визуелен.
Тоа што фали парче од неа нека не ве возбудува, тоа дело на некоја желка или полжав, а тие наназад илјадници години си имаат створено имунитет кон тој отров.