Ме интересира зошто некој би симнувал фотографија ако нема никакво мислење за неа?
Мене лично не ми значат многу бодовите, колку што ми значат конструктивните коментари.
Фотографијата ми е хоби и сакам да научам нешто повеќе, а искрено не знам многу.
Можеби не ми е погодено местото за ваков коментар, но би сакала сите оние кои знаат повеќе за фотографијата (а такви мислам дека има доволно овде) да им помогнат на оние кои сакаат да научат повеќе.