Не можам да дадам помалку од 5 зошто е поубава од многу други што имаат 5-ки, но според мене многу помала 5-ка од другите твои фотографии.
Прво премногу е голем контрастот и изостреноста така што деталите се изгубени. Ја превземев за да се уверам дали е така ... и дури и при мало зголемување станува уште полоша. Ваква мала резолуција е погодна за слики во гро-план како лебедот и цветовите кои се перфектни а за ваква која изобилува со детали е негативност.
Искрено не знам што е причината што се постираат фотографии со вака мали резолуции. Можам да помислам на две:
- големината на фајлот (не ми се верува зошто сум приметил дека повеќе се унштува со смалување на резолувијата одколку со висока компресија)
- страв од крадење на 'уметничките дела' (ма дајте, со исклучок на некои профи што сликаат во студија и што ги продаваат, како можеби на пр. Јанус и други, останатите сме аматери што сакаме да научиме нешто)
извини за должината на коментаров. Поздрав.