Внесени коментари:
СТРЕЛИЦИЈА

напнат лак на веѓите
фрчат стрели. Сон си им на сите
но никому дар. Со кого да се делиш
себеси една, непар?

Избива цветот како пламен
од стеблото. Би стопиле и камен
огнените јазици твои, скапите бои;
Во круната ти се гушка
портокал со темјанушка.

Но туѓинка си овде, убавице.
Посна е оваа почва за сјајот на твоето лице
продорна свест што се околу пржи.
Кој би можел в прегратка да те држи
повеќе од миг? Птицо во искричав лет
оставаш подарок
, жиг:
барем еден миг во животот бил вреден;
но чудесна билко, чедо на друг свет
преслаба си за товарот на обичниот ден.

од стихозбирката „Соцветија“ од Ана Димишковска

Biljana Kostovska, 23.06.2010 22:25:00
*
maksimov metodi, 24.06.2010 01:21:00
убаво
sasko maskoski, 24.06.2010 07:07:00
Многу убаво.
Петар Трифуноски, 24.06.2010 09:29:00
Kosta Kostovski, 24.06.2010 14:23:00
Одлично !!!
Биљана, се гледа која ти е омилена поетеса :-) ... по втор пат ги спојуваш фотографиите со поезијата на Ана ..... ти правиш убави фотографии, не си помислила на обратен процес, да направиш фотографија инспирирана од нејзината поезијата .. just a thought
Георги Николовски, 24.06.2010 14:36:00
5
zoran damcevski, 24.06.2010 16:25:00
5
Игор Јанковски, 26.06.2010 21:11:00