Внесени коментари:
ubavo...softy..
no .opasen pogled...
eve edna pesna od Ana Dimishkovska....

ТИГРОВО ОКО

Земјените бои, светла и темна, сраснати.Знак
за присутност моќна во тивкиот самрак.

Чекор лесен, канџи, бесна крв во дамари
иста волја од искон им дава исти шари

на крзното мачкино и драгиот камен
и душата што се бистри низ крик осамен.

Но ни земјата што тивко не мами во себе
ни ноктите на тигрица што од милост гребат

ни челуста-не се вруток на стравот кој корне.
Туку тоа бездно што не сака да зборне.

Застани пред тигар, око длабоко и страсно
за другите тајна, за себе свесно,опасно

чувствуваш што те стреснува, те толчи?
Оној поглед кој знае се а молчи.
Biljana Kostovska, 15.02.2011 23:55:00
Благодарам за коментарот, посебно за поезијата. ми се допаѓаат твоите дополнувањана фотографиите со извадоци од поезија.
Георги Николовски, 16.02.2011 09:41:00
Kosta Kostovski, 16.02.2011 10:06:00
Татјана Паркачева, 16.02.2011 19:41:00
Игор Јанковски, 17.02.2011 22:21:00
Петар Трифуноски, 20.02.2011 06:46:00