Хм ... ми се чини дека пак си сликал со 135-ката. За розата функционираше перфектно ама за ваква фотографија мислам дека не е баш најпогоден. Тука ќе ти треба некој дигитален Никон телефото-зум кој ќе може да прави брзо фокусирање дури и 'tracking'. Иако си сликал со 1/500s сепак фокусот не е најубедлив. Башка поради малата фокална должина не е изолирана птицата односно нема бокех што е пожелен при ваква позадина што го одзема вниманието. Сепак добро уловено.