Илче,поздрав и благодарам за позитивната критика,ќе казам само дека фотоколажите ги правев со намера да го задоволам моето чувство за убаво,барајќи складност во формата и боите и несекојдневна и невообичаена перцепција на предметите и појавите, тоа го покажуваат и самите фотоколажи оние со фантастичен мотив. Мислам дека уметничкото дело (ако е уметничко) не мора по секоја цена да изразува и некоја порака
туку само да предизвика едно пријатно естетско чувство на оној кој го доживува самото дело. Со ова уметничкото доживување завршува,целта е постигната.