Внесени коментари:
Огнено небо на лево, тиркизно од некаква планетарна маглина на десно. Груби карпи и мека топлозелена трева. Космички пејзаж и жена во простачка поза. Не ја разбирам идејата.
Дарник О., 02.02.2012 09:46:00
Дарник,фотоколажите ги правев со намера да го задоволам моето чувство за убаво,барајќи складност во формата и боите и несекојдневна и невообичаена перцепција на предметите и појавите, тоа го покажуваат и самите фотоколажи оние со фантастичен мотив. Мислам дека уметничкото дело (ако е уметничко) не мора по секоја цена да изразува и некоја порака
туку само да предизвика едно пријатно естетско чувство на оној кој го доживува самото дело. Со ова уметничкото доживување завршува,целта е постигната. Фотоколажите ги правев во контекст на погоре напишаното правејќи при тоа и експеримент како би изгледало "нештото" ако променам нешто во реалниот свет во реалното и логичкото наше размислување давајќи предност на фантазијата,имагинацијата и фикцијата. До ден денес не сум размислил подлабоко суштински што претставуваат моите фотоколажи. Јас пред се би рекол дека тоа се мои "фикции", односно како нешто би можело да биде, однсно како јас си замислувам да биде. Поздрав!
Gane Botarev, 02.02.2012 21:18:00
Гане, мило ми е што одговори.
Тоа што го напишав за твојот фотоколаж имаше само една намера: да објаснам зошто и покрај тоа што ги бодував сите останати фотографии твојот колаж го оставив неоценет. И ќе ми простиш што и во иднина нема да оценувам нешто чија идеја не ја разбирам (иако, колку што гледам од случувањава на овој форум ти си еден од ретките кои заслужуваат да бидат оценети и коментирани). Значи, намерата беше таа. Не се согласувам со тебе дека делата кои немаат порака имаат некаква смисла. Порака секогаш има. Не мора да е интелектуална: може да е емотивна или само естетска. И пак тврдам дека не можеш да оцениш дело чија идеја не ја разбираш. И ти самиот на една моја фотографија напиша дека е убава, ладна, ама дека каблите пречат. А ти пречат затоа што не влегуваат во општата идеја на фотографијата - студен пејзаж. Како ќе дојдеше до заклучок дека каблите пречат ако макар и несвесно не ја разбереше идејата? Поздрав.
Дарник О., 03.02.2012 09:52:00