Има преовладувачка боја која создава целина и тоа е добро. Не е добро што е бојата прејака и одвлекува премногу внимание; ама тоа е изгледа во мода :). Има едно правило дека насоката во која објектите гледаат треба да биде попространа од спротивната насока. А и во секој случај централната поставеност на главниот објект не е многу препорачлива. И да не додевам повеќе во иднина - главно правило е дека нема правила :)
Дарник, благодарам за твоите позитивни критики и совети тоа е во ред,само би додал дека овој фотоколаж и серијалот на фотоколажи што произлезе од веќе готовата направена позадина ми зададе доста проблеми со апликацијата на "објектите". Сакав да ги прикажам и овие две птици и од повеќе обиди да ги "залепам" да ги слеам со позадината само на оваа композиција ми успеа тоа спојување. Не е едноставно и лесно да се направи (ова е мое мислење) ваков тип на фотоколаж како што јас правам.
Долго време чекав и сега чекам некој да се обиде да направи ваков тип на дигитален фотоколаж и да го прикаже. Самиот ќе се увери дека ова е доста тешко за работа. Твоите критики и забелешки се секогаш добредојдени.