Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Фотоапарат, и како функционира

Сите фотоапарати, од наједноставните, па до најкомликуваните ја имаат истата основна конструкција: секој од нив има внимателно конструирано куќиште кое уште се нарекува и тело на фотоапаратот, кое не дозволува навлегување на надворешно светло, освен низ објективот. Телото на фотоапаратот ги обединува механизмот за транспорт на филмот, механизмот за чкрапнување, регулаторот на експозиција, светломерот, окуларот за снимање и објективот.



Фотоапаратот е механичка направа која со помош на објективот, пропушта светлина која под прав агол паѓа на фотоосетливата емулзија на филмот и ја оцртува сликата на објектот кој се наоѓа пред фотоапаратот.
Остра и јасна слика на објектот се добива преку подесувања на позицијата на објективот во однос на површината на филмот. Тоа се вика фокусирање или изострување. Изострувањето ја прави сликата која ја гледаме или некој нејзин дел остра.

Денешните фотографски филмови се премачкани со емулзии кои се многу поосетливи од оние користени од основоположинците на фотографијата, затоа треба многу точно да се изложуваат – експонираат на светлина. За таа цел постојат два регулатори на количеството на светлина кое поминува низ објективот и паѓа на филмот: експозиција и бленда.


Објективот е најбитниот дел од секој фотоапарат, во почетокот представувал само едно обично дупче на темната комора, за да еволуира преку една леќа, во комплексен систем од различни леќи, кој постигнува голем степен на острина на сликата, со голема разделна способност и светлосна јачина. Според својата намена објективите имаат различно фокусно растојание на леќите, и се делат на широкоаголни, нормални, телеобјективи и зум – објективи.
Нормални објективи се оние кои сликата која минува низ објективот ја даваат без никакви деформации , токму онака како што ја гледа нашето око, широкоаголни се оние кај кои сликата која ја даваат е привидно поширока (подалечна) од вистинското видното поле, а телеобјективи се оние кај кои сликата е зголемене (приближена).
Зум – објективи се оние објективи кои можат да го менуваат фокусното растојание и со тоа да се користат како широкоаголни, нормални и како телеобјективи. Креативното користење на објективот ни овозможува контрола на полето на длабинска острина и перспективата.

Блендата е составен дел од објективот, и претставува механички систем од тенки метални ливчиња кои се собираат и отвараат, притоа регулирајќи го количеството на светлина кое поминува низ објективот. Блендата и експозицијата “работат” заедно за да се одреди точното количество на светлина потребно за правилно експонирање на филмот. Со затворање на блендата се менува и квалитетот на сликата, во делот на длабинската острина, ова може да се користи за добивање на интересни ефекти. Колку е позатворена блендата толку длабинската острина на фотографијата е поголема и обратно. Вредностите на блендата се бележат со буквата “f”, кој во зависност од квалитетот на објективот може да биде f1, кога е најотворена, па се до f64 кога е скоро сосема затворена, во тој дијапазон блендата се менува (  опаѓа)  за корен од два.

Завеса(Затворач) го контролира времето времето на изложување на филмот на светлина – експозицијата, денеска се изразува во стоти и илјадити делови од секундата, за разлика од десетиците минути или дури часови потребни за тоа во 18 век.
За прецизно одредување на деловите од секундата потребни за осветлување на филмот задолжен е механизмот на завесата кој работи на принцип на чкрапнување. Со притисок на прстот на чкрапалото, завесата се ослободува и го изложува филмот на светлина во период од 30 секунди до 16000 дел од секундата* (програмирани вредности) во зависност од селекторот на експозиции. По потреба завесата може да остане отворена бесконечно долго (ноќни експозиции). Креативното работење со затворачот ни дава можност да го одредиме степенот на острината кај подвижните објекти, односно, целосно да сопреме движење (замрзнат кадар) или пак да го симболизираме движењето со контролирано заматување на објектот кој се движи. Кај разни фотоапарати имаме различни конструкциски решенија на затворачот (завеси, ролетни и централни затворачи), но, намената им е иста.

Филмот е носач - подлога на фотосетливата емулзија, која по експонирањето во темната комора на фотоапаратот, содржи латентна слика, која со помош на хемиска обработка низ развивач и фиксир станува видлив негативе на реалната слика. Од неа потоа се добиваат позитиви со различни димензии. Современите филмови се произведуваат со различна осетливост на емулзијата која се изразува во ИСО (Интернатионал Стандард Ассоциатион), и може да биде од 25 ИСО па се до 6400 ИСО, како нормално осетлив филм се зема 100 ИСО, вредностите под тоа се нискоосетливи филмови, а над тоа ,осетливи и високосетливи филмови.
Според видот на филмот, имаме црно – бели негативни филмови, негативни филмови во боја, позитив –филмови (слајдови) и инфрацрвени филмови.
 
ЦМОС/ЦЦД сензорите представуваат негатив кај дигиталните фотоапарати. Има за цел да ја „фати” светлината која паѓа на него и да ја сними на внатрешната меморија или пак на мемориската картичка. Предностите над негативот му се тие што може да му се менува осетливоста (од 200 до 3200 ИСО), или пак техниката на снимање (боја, црно-бело, сепија).
Квалитетот на сензорот се изразува преку резолуцијата (густината на сликата) DPI Dots-Per-Inch, и преку димензијата на сликата (бројот на точки /пиксели (мегапиксели).

Време на осветлување
(Количество на светлина потребно за добивање на фотографија)
  

Бленда 

Експозиција

Го одредува количеството 
на светлина која ќе помине низ објективот
Одредува колку време филмот
ќе биде изложен на светлина
Го одредува распонот на
длабинската острина на сликата 
Го одредува степенот на острина
кај подвижните објекти

*Можностите на затворачот варираат кај различни модели на фотоапарати


Автор: Андон Давчев, 14.03.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk