Роден во Филаделфија, дипломирал кум лауде на Колеџот за уметност и архитектура при Државниот универзитет на Пенсилванија. По двогодишното работење во дневен весник, заминува во Индија за да работи како фриленсер.
Таму го гради својот карактеристичен израз во работењето: Ако си стрплив, лугето ќе заборават на твојата камера и на површината ќе излезе нивната душа. Неговата кариера блеснува кога, преоблечен во домородна облека, ја поминува пакистанската граница и влегува во Авганистан, непосредно пред руската инвазија. При заминувањето ролните со филмови ги прошверцувал сошиени во тајни џебови во облеката.
За овие фотографии е одликуван со Златниот медал на Роберт Капа за најдобро фотографско известување од странство. Покрај ова престижна награда, има освоено и голем број други награди мегу кои и наградата на World Press Photo.
Стив Меккари досега покривал многу конфликти ширум светот како што се Ирачко-Иранската војна, Бејрут, Камбоџа, Филипини, Заливската војна, распадот на Југославија и Авганистан. Сепак, главно е фокусиран на човечките консеквенци во однос на војната.
Во последно време работи се почесто и за Нешенел Џиографик каде што се забележани репортажите за Ангор Ват и Камбоџа.
Автор е на неколку книги на фотографии сите публикувани од издавачката куќа Фаедон (Phaidon Press Limited):
Засолниште 2002 Југ Југоисток 2000 Портрети 1999 Монсуни, Темза и Хадсон 1995 Патот на императорот 1985
Линкови на интернет: http://www.pdnonline.com/legends/mccurry http://www.stevemccurry.com/journal/journalFS.html http://www.nationalgeographic.com.ngm/100best/multi1_interview.html
|
Автор: Андон Давчев, 14.03.2006 |