Ансел Адамс (1902 - 1984)
Ансел Адамс со своите пејзажи се уште е инспирација за младите фотографи, а дел од неговите формули во фотографирање на пејсажи се уште се применуваат во фотографијата и важат за своевиден репер. Тој е автор и на голем број фотографски книги-албуми со теми од националните паркови во САД, а најмногу од неговиот омилен парк - Јосемити. Адамс е роден во 1902 година во Сан Франциско, на 14 години (1916) го напушта школувањето и решава самиот да се школува и дома ги учел основните предмети. Негова почетна желба била да стане концертен пијанист и долго време и посветил на музиката, се додека не ја добил книгата "Во срцето на Сиера", од тетка му. Фотографиите во книгата биле на Џорџ Фиске и го фасцинирале несудениот пијанист, па тој ги убедил родителите да отидат во националниот парк Јосемити. На тој излет, го добил својот прв фотоапарат, Кодак Брауни, и така почнува неговата приказна како фотограф. Освен разните тутори, најголем извор на фотографско знаење за идниот мајстор била изложбата Панама - Pacific International Exhibition, која била посветена на отварањето на Панамскиот канал. Адамс бил фасциниран од изложените фотографии и цела година бил редовен посетител во галеријата. Самиот поим фотографија асоцира на прекрасните црно - белите пејзажи од националните паркови во Америка. Освен вонвременските фотографии во кои е заробена прекрасната природа, тој е автор и на неколку стручни фотографски книги како Камерата; Негативот; и Отпечатокот. По средбата со Алфред Штиглиц во 1933, отвора сопствена галерија во Сан Франциско. Неговата прва книга која се однесува на фотографската вештина е печатена во 1935 година под насловот Макинг а Пхотограпх. Во меѓувреме, Ансел го толку го одушевува Штиглиц со својата работа, што овој му отвора изложба во Њујорк во галеријата An American Place. Адамс го измислил и зонскиот систем во фотографијата што е техника која му овозможува на фотографот подобра контрола во изработката на фотографија и извлекување на максимален тонален опсег од црно белиот филм. Заедно со фотографот Едвард Вестон тие ја формираат Групата Ф/64 која е посветена на афирмирањето на фотографијата како независна и самородна уметност, наместо како имитација на другите визуелни уметнички форми. Ансел Адамс бил член и претседател на најголемото американско еколошкото друштво Сиера клуб кое издејствувало од американската влада прогласување на неколку национални паркови. На интернет неговите трудови можат да се најдат на сајтовите: www.anseladams.com www.zpub.com/sf/history/adams.html www.sfmoma.org/adams
|
Автор: Андон Давчев, 24.03.2006 |