Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Објективи и како работат

Објективот претставува систем од леќи кои се вметнати во една метална или пластична цевка (тубус на објективот). Без оглед на намената и видот на објективот, леќите во него имаат задача да ја примат светлината која се одбила од објектот кој го снимаме и да фокусираат што е можно пооостра и појасна слика врз филмот/сензорот, каде ќе се регистрира сликата.

 

Видови на објективи:

1. Нормални:

v     Овие објективи имаат фокусно растојание кое еднакво на дијагоналата на филмот/сензорот. За обичен 35мм филм (лајка формат) дијагоналата изнесува 43 мм, но, како нормален објектив е прифатен 50мм.

v     Аголот на гледање е околу 50 степени

v     Покажуваат слика која е идентична со онаа што ја гледа човечкото око

v     Максималната бленда им е од ф/1.2 до ф/2,8

v     Честопати се користат за макрофотографија (снимања кај кои растојанието помеѓу фотоапаратот и објективот е многу мало (десетина сантиметри на пр.)

2. Широкоаголни:

v     Имаат фокусно растојание од 35мм или помало

v     Имаат поширок виден агол од нормалните објективи, околу 65 степени или повеќе

v     Имаат поголема длабинска острина

3. Телеобјективи:

v     Имаат фокусно растојание од 70мм па нагоре

v     Имаат потесен агол на гледање од нормалните објективи

v     Даваат потесна слика од реалната (теле-далеку), при снимање со објекиви со поголеми фокусни растојанија мора да се снима со пократки експозиции или од статив, за да не се добие заматување на сликата.

4. Зум (варио) објективи

v     Имаат променливо фокусно растојание, а со тоа и променлив агол на гледање. Народски: овие објективи ја „оддалечуваат“ или „приближуваат“ сликата.

5. Макро

v     Наменети се за снимање од многу мали растојанија и даваат зголемена слика на малите објекти

6. Telekonvertorite

v     Претставуваат sistem na le}i integrirani vo eden prsten i se koristat za zgolemuvawe na fokusnoto rastojanie na objektivite. Se montiraat pome|u teloto na fotoaparatot i objektivot. Vo zavisnost od vrednosta na fokusnoto rastojanie se zgolemuva. Istovremeno za tolku se namaluva i svetlosnata ja~ina na objektivot.


Автор: Андон Давчев, 13.04.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk