Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Снимање со долги експозиции

Во фотографската техника под „долга експозиција“ се подразбира секое време на изложување на филмот/сензорот на светлина за кој е потребно стабилизирање на фотоапаратот со статив или со поставање на стабилна подлога.

Такво на пример е снимањето во ноќни услови кога се добиваат впечатливи фотографии од автомобилски фарови, молњи или ѕвездени патеки. На неупатените ваквите фотографии можат да им изгледаат како резултат на некоја мистериозна и софистицирана фото – техника, вистината  е сосема поинаква. Тајната е во снимањето со подолги експозиции од вообичаените, наместо стоти или илјадити делови од секундата се користат периоди од неколку секунди, до неколку часови. Ваквите снимања можат да се применат на ситуации кои на прв поглед не бараат таков пристап.

Оваа техника на снимање бара или мануелно подесување на експозицијата на фотоапаратот или фотоапарат чиј затворач овозможува експозиции подолги од неколку секунди. Поедноставните фотоапарати не можат да се користат за вакви снимања.

Современите СЛР фотоапарати, (без оглед на тоа дали се дигитални или на филм) имаат програмирано експозиции до 30 секунди, а подолгите периоди бараат работа со жичен окидач. Кај дигиталните фотоапарати при експозиции од неколку часови мора да се внимава на напојувањето за да не „пресуши“ камерата на сред работа.


Автор: Андон Давчев, 15.05.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk