Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Основи на фотографија

ЕКСПОЗИЦИЈА кажува колку време филмот или фото сензорот е изложен на светлина. Единица мерка е секунда. Теоретски осветленоста на сликата е линеарно зависна од експозицијата - значи еден објект ќе биде двапати поосветлен доколку експозицијата е 1/250sec отколку при експозиција од 1/500sec. Доколку експозицијата е подолга од 1 секунда тогаш обично зависноста не е линеарна и треба да се види во упатството за филмот или сензорот. Со експозицијата се контролира движењето во сликата. Со кратка експозиција се добиваат замрзнати сцени, а со долга експозиција размачкани сцени. Доколку фотографираме без статив тогаш експозицијата треба да биде барем 1/фокус на објективот за да не се забележи треперење на раката. Затоа со објективи над 400мм речиси никогаш не се фотографира без статив.

БЛЕНДА (aperture) е отвор кој служи да се контролира количеството на светлина што влегува низ објективот, и длабинската оштрина (DOF - depth of field). Количеството на светлина е линеарно зависна од површината на отворот, односно квадратно зависна од радиусот на отворот - т.е. двапати поширок отвор значи четири пати поголема осветленост. При поголеми отвори на блендата се добива помала длабинска оштрина, односно само објектот што е фокусиран ќе биде избистрен, а позадината ќе биде матна, а со мали отвори на блендата и позадината се избиструва. 0Блендата се мери со односот помеѓу фокусното растојание на објективот и дијаметарот на отворот на блендата. Најмала вредност за бленда би бил 1. Следните стандардни вредности на блендата се добиваат ако претходната вредност се помножи со корен од 2. Значи тие вредности се: 1.4, 2, 2.8, 4, 5.6, 8, 11, 16, 22, 32. Овие вредности се нарекуваат f-stops, и покажуваат дека разликата во осветленост помеѓу две соседни вредности е два пати. Задолжителна ознака за секој објектив покрај фокусното растојание е и најмалата вредност од блендата. Цената на објективот обично е експонецијално зависна од најмалата вредност на блендата. Така на пример зум објектив од 300mm со f5.6 вреди 200$ а фиксен објектив со истиот фокус но со f2.8 може да вреди и 10000$ Иста осветленост на фотографијата може да се добие со повеќе комбинации на експозицијата и блендата, битно е изразот A*A/S да биде остане константен каде што A е блендата, а S е екпозицијата. Така на пример ако сликате фудбалски натпревар, и светломерот ви покажува дека треба да ставите f5.6 со 1/100sec - можете тоа да го направите со 300мм објектив од 200$ но тука ризикувате сликата да биде размачкана и поради движењето на фудбалерите и поради движењето на раката, или пак истата фотографија да ја направите со објективот од 10000$ ако ставите f2.8 со 1/400sec - сцената би била замрзната ако сликате и без статив.


Автор: Виктор Младеновски, 15.12.2005
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk