„Најпредизвикувачки од сите фотографски жанрови е да се сними драмата на природниот пејсаж”
Како основна композициска инструкција на која се базираат повеќето пејсажи секако е „античкото” правило на третини. Да се потсетиме дека оваа теорија бара сликата да биде поделена на девет еднакви полиња со по три невидливи, хоризонтални и вертикални линии., при што, се додека објектите на сликата се распоредени во полињата или пресечните точки, обезбедуваат основно естетско ниво. Ова не значи дека треба да „збиеме” што е можно повеќе елементи или објекти на сликата, туку внимателно да ги реаспоредиме според невидливите линии.
Природната светлина и точката на набљудување ретко кога овозможуваат да „собереме” во фотоапаратот простор поголем од неколку километри, но отворениот простор и разноличните шари на почвата можат да бидат искомбинирани во убавиот ефект на „виста” пејсажите.
Овие слики се добиваат кога две или повеќе паралелни линии се спојуваат во една точка на хоризонтот и прават единствен ефект и чувство на длабочина водејќи го окото од предниот план кон позадината. Прегледот на поголемиот дел од фотографиите не трае повеќе од еден дел од секундата, така што секој елемент кој ќе го задржи окото на гледачот на фотографијата подолго, е добредојден.
Современите автофокуси не се во состојба да функционираат во услови на слабо осветлени големи и рамни површини. Овој проблем се решава така што се фокусира на некој слично оддалечен објект, се притиска копчето АФ лоцк, кое ќе го „запомни” фокусот и ќе овозможи да се рекомпонира сликата и сними покреативна сцена. Сличен проблем може да се појави доколку има неколку објекти на различно растојание од фотографот но на привидно мало растојание едни од други, доколку проблемите со автофокусот продолжат, преминете на рачно фокусирање.
Вредноста на блендата при снимањето на пејсажи влијае на количеството на детали кои ќе влезат во фотографијата, Објективот пропушта најмногу детали (разделна способност) кога блендата е поставена на вредноста која е во средината на распонот. На пример објектив кој има распон на бленди од ф/2,8 до ф/22 ќе даде најостра слика, (и покрај полето на длабинска острина) кога е поставен на бленда ф/8.
|