Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Како да фотографирате деца

Децата, без оглед на нивната возраст се многу благодарна тема за фотографирање, да не спомнуваме дека тие се ЕДИНСТВЕНА тема за фотографирање на среќните родители. Како  и да е еве неколку кратки совети кои ќе ги подобрат фотографиите на вашите или туѓите дечиња:

1. Спуштете се на нивно ниво. Децата се мали и ситни кога ги снимаме од наша перспектива. Затоа е потребно да го спуштиме фотоапаратот на нниво на нивните очи или пониско за да добиеме одлична перспектива.

2. Снимајте крупни кадри. Зумирајте или приближете се максимално за да го снимите изразот на лицето на детето. Нивните очи изгледаат многу убаво кога ќе им се приближите.

3. Снимајте детали. Доколку ви дозволува фотоапаратот снимајте макрофотографии од нивните рачиња, стапала или очи. Доколку добро го процените светлото ќе добиете извонредни и многу силни фотографии.

4. Работете во црно-бела техника. Црно-бел филм во фотоапаратот ќе ги направи фоотографиите на бебето уште посилни и подраматични. Сопствениците на дигитални апарати ова можат да го посигнат преку обработка на фотографиите во компјутер.

5. Секогаш имајте фотоапарат при рака. Трикот е секогаш да фоторафирате затоа што децата се неповторливо интересни кога си играат.


Автор: Андон Давчев, 27.08.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk