Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Доротеа Ланг (1895-1965)

Доброто фотографирање не е во избирањето на објектот, зашто последиците од фотографирањето се своевидни објекти. Во тој случај никој нема да праша како е направена фотографијата и како бил одбран објектот, туку едноставно сите ќе се согласат дека работите едноставно се случуваат. Фотографиите на Доротеа Ланг зрачат со сочуство и длабоко соживување за луѓето што ги сликала. Голем број нејзини дела се објавени во многу книги и се дел од постојани изложби Во светот на фотографијата доминацијата на мажите е мит. Повеќе дами оставиле свој печат и со тоа влијаеле на дефинирањето на фотоновинарството. Една од најважните која со својот уникатен пристап го привлекла интересот на љубителите на фотографијата е Доротеа Ланг. За неа велат дека била фотограф во вистинската смисла на зборот, а таа самата вели дека живеела "визуелен живот". Доротеа Ланг е пионер на документарната фотографија, а нејзин главен интерес биле сиромашните луѓе и нивниот тежок живот. Таа е најпозната по нејзината работа во периодот на Големата депресија во Соединетите Американски Држави. Доротеа успеала преку своите дела да ја хуманизира трагичната страна на депресијата и преку документарната фотографија да допринесе за решавањето на големата социјална криза во САД. Доротеа Ланг е родена во 1895 година во Хобокен, Њу Џерси, а студирала фотографија на Универзитетот Колумбија. Својата кариера ја започнува во Њујорк, а ја продолжува во Сан Франциско каде во 1918 година отворила свое фото студио. Со почетокот на Големата депресија, таа ја оставила работата во студиото и почнала да патува и да ги документира последиците од депресијата. Социјалните неправди и турбуленции биле силна причина за таа да се посвети на документарна фотографија. Потресните студии на бездомниците и луѓето од социјалното дно го привлекле вниманието на локалните медиуми што довело до нејзино вработување во Федералната Администрација за Раселување. Работејќи таму таа ги документирала привремено раселените фармерски фамилии и го свртела јавното внимание кон нивните проблеми. Нејзините фотографии бесплатно биле дистрибуирани до весниците ширум земјата, и набргу станале икони на ерата на депресијата. Фотографијата Мигрантска Мајка, снимена 1936 во Нипома, Калифорнија, претставува нејзино најпознато дело, и најдобро гово фотографирањето луѓе. опишува нејзиниот интерес . Доротеа Ланг опишувајќи ја нејзината фотографија во ерата на сиромаштијата рекла: Во 1941 година таа ја добила наградата Гугенхајм Фелоушип за врвни достигнувања во фотографијата. За време на Втората Светска војна и особено по нападот на Перл Хабор таа го документирала насилното преселување на американските јапонци. По завршувањето на војната таа го снимала и оформувањето на Обединетите нации во Њу Јорк. Доротеа ги посетила Виетнам, Ирска, Пакистан и Индија каде направила бројни фото-есеи за Магазинот Лајф. Покрај нејзиниот исклучителен допринос за фотографијата, таа е еден основачите на фотографското списание Апертуре (Бленда). Доротеа Ланг починала во 1965 година во Сан Франциско.
Автор: Андон Давчев, 05.12.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk