Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Мен Реј

Мен Реј (1890 – 1976) Незасегнат, но не и незаинтересиран, е епитафот на надгробната плоча на овој пионер на уметничката фотографија Мен Реј многу придонел во развојот на фотографијата, а бил и еден од основачите на американскиот дадаизам. Неговите фотографии биле дел од првата надреалистичка изложба одржана во Париз 1925 година. Мен Реј е еден од највлијателните фотографи во историјата. Контактите што тој ги воспоставил со разни светски уметници помогнале фотографијата да добие признаен уметничкиот контекст. На почетокот на својата кариера работи како сликар и вајар. Покрај уметничките дела со многу детали, тој се нафаќал да работи и на комерцијални пороекти како портрети и модна фотографија. Историчарите го сметаат за еден од најзначајните пионери на современата фотографија. Мен Реј е роден во Филаделфија во 1890 година како Емануел Радницки, но израснал во Бруклин во Њујорк. Покаува интерес за уметност и по завршувањето на средното училиште, решава самиот да гради уметничка кариера. Во 1915 година тој ја има првата самостојна изложба, а три години подоцна како формиран фотограф ги прави своите најзначајни фотографии. Додека живеел во Њујорк, заедно со неговиот пријател Марсел Дишамп, основале американски дадаистички клуб, кој влечел корени од Европа, каде уметниците радикално ја отфрлале традиционалната уметност. По неколку неуспешни експерименти, особено по издавањето на единствениот примерок на весникот New York Dada, изјавил дека дадаизмот не може да опстане во Њујорк и во 1921 година се сели во Париз. Таму го менува стилот на фотографирање и пред неговата камера позираат Џејмс Џојс и Гертруда Штејн. Мен Реј заедно со реномираните уметници како Жан Арп, Макс Ернст, Анре Масон, Хуан Миро и Пабло Пикасо бил дел од првата надреалистичка изложба во Париз во 1925 година. Неколку години подоцна надреалистката Мере Опенхајм му позира на Мен Реј за познатата серија фотографии покрај печатарката преса, оваа колекција станала пример и поим за надреалистички уметнички акт. Експериментирањето во темна комора придонело заедно со надреалистичката фотографка Елизабет Ли Милер, (негова асистентка и љубовница) да ја откријат техниката на соларизација. Откритието се случило сосема случајно кога во лабораторијата случајно бил осветлен филмот кој во моментот с еразвивал, па тоновите биле делумно инвертитрани (превртени). Покрај тоа тој направил и неколку влијателни авангардни кратки филмови. Неколку години подоцна тој се вратил во Америка и извесен период живеел во Холивуд. Сепак Париз го сметал за сопствен дом, па се вратил таму каде останал до смртта во 1976 година.
Автор: Андон Давчев, 15.02.2007
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk