Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Како се фотографираат рацете кај портрети

Додека работев како бродски фотограф, на снимањето на мојата прва свадба, додека ги позирав младенците на позадината за портрети, ми падна в очи дека и покрај привидното спокојство и релаксираност (мала свадба, долготрајни партнери), рацете на младоженецот беа постојано згрчени или пак нерцозно ги стискаа и гмечеа рабовите на ракавите на сакото. Му забележав, ни никако не успеав да го опуштам човекот. Нормално, тоа се гледаше на фотографиите, но, младенците не обрнаа никакво внимание на тоа и фотографиите отидоа како што треба. Подоцна дознав дека младоженецот цело време се предомислувал во врска со венчавката и грчевите биле резултат на тој внатрешен немир. Оваа ситуација ме натера повеќе внимание да им обраќам и на тие детали кај луѓето, затоа што понекогаш рацете се показател на тоа како се чувствува остатокот од телото и каква е состојбата на умот на човекот. Подоцна кога имав чест и задоволство да следам и семинар за свадбена фотографија кај познатиот Монти Зукер, тој ги спомна и истакна рацете како одличен начин да се потенцира нечиј портрет. Тој ги наброја следниве точки во снимањето на раце кај портретна фотографија: 1.Кога го позирате субјектот, обрнете посебно внимание на рацете и охрабрете го моделот да ги релаксира дланките и да ги опушти прстите. Така фотографијата нема да делува присилно а субјектот нервозен и во грч. 2.Доколу субјектот неможе да ги опушти рацете и дланките, обидете се да направите композиција која нема да ги вклучува дланките (близок портрет – хеадсхот) 3.Некогаш, надобра работа која може да се направи со дланките и рацете, е да му се даде на субјектот нешто да држи (се додека е тоа релевантно за ситуацијата или субјектот и не одзема премногу внимание) или пак да го натераме субјектот да ги потпре на некој елемент на фотографијата (нога, столче и сл.), дури и ставање во џеб може да заврши работа во зависност од композицијата. 4.На крај, дланките изгледаат најдобро кога се снимаат одстрана, со одвоени прсти еден од друг.
Автор: Андон Давчев, 25.02.2007
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk