Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Александар Родченко (1891-1956)

Александар Рoдченко беше еден од најразновидните руски уметници во дваесетите и трисетите години на минатиот век. Помеѓу 1910 и 1914 студирал кај Николај Фешин и Ѓорѓи Медведев на Колеџот за Уметности во Каган, каде што ја сретнал неговата идна жена Варвара Степанова. Во 1914 година се преселил во Москва и ја посетувал Строганов Школата за Уметности. Таму Родченко ги сретнал Касимир Малевич и Владимир Татлин и во следните години прераснал во еден од водечките уметници на Руската авангарда. Работел како скулптор, сликар, графички уметник дизајнирал постери за филмски претстави, фабрики и дизајнирал корици за книги и мебел. Во 1921 година неговиот триптих „Чисти Бои: Црвена, Жолта, Сина“, беше прогласено за уметничко дело кое е апсолут во сликарството. Помеѓу 1922 и 1924 Родченко нагло се свтртел кон фотомонтажата поради сличноста на постер уметноста и дизајнот на книги. Посебно славни се неговите илустрации на поезијата на Владимир Мајаковски Про Ето (За ова), во која поетот ја изразува својата љубов кон Силиа Брик. Родченко во своите монтажи се обидел да создаде визуелна слика на стиховите на Мајаковски, оттука креирајќи единствена врска помеѓу фотомонтажата и конструктивната форма. Како што правел во неговите останати, претходни монтажи, Родченко користел постоечки фотографски оригинали во Про Ето, продуцирајки се самиот себеси. Од 1924 год., кога можностите за наоѓање слики за монтажа што би му одговарале се исцрпеле, Родченко посегнува кон апаратот и конечно ја обележува фотографијата како уметнички медиум на неговот време. Бидејќи фотографијата можела да се добие од секоја позиција, според него, кореспондирала со човековото око. Оттука, фотографијата била предодредена да нуди, во репрезентативна смисла, истакнување на збунувачките импресии на живеалиштата во модерниот голем град. Со користењето на храбри и невообичаени перспективи, сакал да ја ослободи фотографијата од конвенционалноста и од стандардната за тоа време belly-button (папок) перспектива, и еволуираше во истакнат пионер на фотографскиот конструктивизам. Во 1928 година го напиша манифестот за фотографија во форма на текст Начини на Современата Фотиграфија. „Со цел цел да се едуцира човек за нов копнеж, секојдневните објекти мора да му бидат покажани во целосно неочекувани перспективи и неочекувани ситуации. Нови објекти треба да се насликаат од различни страни со цел да се овозможи комплетен печат на објекти“. Во 1928 година Родченко, кој се откажа од сликањето заради фотографијата во 1927 год., си купува Leica, која поради малиот формат и брзото фотографирање, стана неговата омилена алатка за работа. Овој фотоапарат му овозможи да ги реализира и збогати неговите идеи за невообичаените позиции на апаратот, скратување на перспективата, и поглед кон изненадувачки нови детали. Се повеќе фотографијата на Родченко беше доминирана од уметничкиот елемент на линијата. Тој сакал да ги интегрира елементите како мрежи, скали или сајли во неговите фотографии, претварајќи ги во апстрактни конструктивни линиски структури. Скали (Stairs) од 1930 и Девојка со Лејка (Girls with Leica) од 1934 се несомнено меѓу најпознатите фотографии од овој вид. Во 1930 год. Родченко стана основач на групата Октомври, најважната организација за фотографска и кинемтаографска уметност во тоа време. Помеѓу 1933 и 1941 година работи за весникот „СССР во изградба“ (USSR under construction) кој го основаше заедно со Варвара Степанова.
Автор: Андон Давчев, 11.04.2007
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk