Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
ISO vs Шум (зрно)

Како да го изберете вистинското ИСО за вашите дигитални фотографии? ИСО, е кратенка за International Standard Organization која, погодувате, ја подразбира стандардизацијата. Во фотографијата ИСО (АСА, ГОСТ или ДИН) се однесува на осетливоста на филмот или како што уште се нарекува брзина на филмот, и секогаш се изразува со троцифрена бројка покрај кратенката ИСО, на пример: ИСО 100. Филм означен со ИСО 100, подразбира фотографирање на убав сончев ден со експозиција 1/125 секунда и бленда f 8. Кај дигиталните апарати можноста за промена на ИСО вредноста подразбира зголемување или намалување на осетливоста на сензорот на светлина. Пониските вредности на ИСО значат послаба осетливост и се користат при снимање на силна светлина, додека поголемите вредности на ИСО ја зголемуваат осетливоста и се користат при послаби светлосни услови. Оваа можност на дигиталните апарати е многу корисна кога се снима во променливи светлосни услови, а нема можност за користење на блиц. Цената на зголемувањето на осетливоста е зголемување на зрното или шумот на фотографијата. Во дигиталната фотографија се користат еднакво изразите шум (noise) и зрно (grain). Оваа појава не се забележува додека фотографијата се гледа на дисплејот на фотоапаратот, но кога ќе ја внесеме фотографијата во компјутер, веднаш ке стане видлива. Општо правило е дека треба да се користи најниската можна вредност на ИСО за да се постигне најситното зрно или најмалиот шум, секако кога се фотографираат слабо осветлени сцени може да нема друга алтернатива, но ако внимавате на следниве работи при фотографирањето ќе ги добиете најдобрите резултати: 1. Не снимајте секогаш од рака – кога користите статив, може да фотографирате со подолги експозиции, така што нема потреба да го зголемувате ИСО-то. 2. Дали субјектот се движи (мрда) – ако субјектот ви е неподвижен (пример мртва природа) ќе може да снимате со подолги експозиции од рака без да го зголемувате ИСО-то. 3. Дали сакате длабинска острина? – Доколку не ви е потребна голема длабинска острина, снимајте со отворена бленда, со што ќе пропуштите повеќе светлина низ објективот и ќе користите пониско ИСО. 4. Користете вештачка светлина – користењето на блиц, па дури и палењето на светилките ќе овозможи повеќе светлина за фотографијата и нема потреба од менување на ИСО-вредноста. 5. Ефектот на зрно/шум, може кај одредени фотографии да го засили саканиот ефект на сликата, така што фотографијата изгледа подобро со покрупно зрно. 6. Колку голема ќе биде испечатената фотографија? – кога ја гледаме фотографијата на дисплејот на фотоапаратот нема да го видиме шумот, туку кога ќе ја зголемиме фотографијата во компјутер или ја испечатиме. Колку е поголем форматот на сликата, толку повеќе ќе се гледа зрното.
Автор: Андон Давчев, 30.11.2007
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk