Еве неколку правила кои вреди да се знаат:
1. Дијагонални линии
Користењето на дијагонални линии е многу ефикасен начин за „водење“ на окото на гледачот во сликата, низ неа се до точката на интерес. Овие линии не мора да бидат вистински линии. Можат да бидат патека, линија на хоризонт, разлика помеѓу тонови или бои, некоја линија на објекти и сл.
2. Геометриски форми
Поставањето на клучните аспекти на пејсажот во точки кои формираат геометриска слика помага во постигнувањето на избалансирана композиција. Наједмоставен и најчест таков пример е формирањето „триаголник“ помеѓу три објекти на фотографијата поставени на страните на кадарот и еден поцентрално од нив. Примерот на десната страна го илустрира тој начин на балансирање на композицијата.
3. Правило на третини
Правилото на третини (или Златен пресек) се применува повеќе од секое друго композициско правило во фотографијата, и не случајно е првото композициско правило со кое се среќаваат и запознаваат студентите кои учат фотографија. Понекогаш применувањето на ова правило знае да изгледа како некое клише, но сепак останува најефикасна техника за снимање на пејсажи. Ова правило подразбира поставање на точките на интерес во некое од полињата или точките на сечење што ги формираат хоризонталните и вертикалните линии кои го делат полето на сликата на три хоризонтални и три вертикални делови (вкупно 9)
4. „Врамување“ на сликите
Додавањето точки на интерес во предниот план е важно за снимањето пејсажи, слична техника е „врамувањето“ на фотографијата за да се насочи интересот на гледачот кон центарот на фотографијата. Најчест начин за вакво насочување на вниманието на гледачот кај пејсажи е вматнувањето на некоја гранка во горната секција на фотографијата. Слично врамување при снимање на мостови, прозорци, врати и слично, може да даде интересни резултати.
Правилата се измислени за да бидат прекршени
Добро е да се сфати дека правилата во фотографијата се важни, знаењето кога и како да се применат го поседуваат сите големи фотографи. Применувањето на овие техники е корисно, но слепото придржување кон нив, од друга страна, може да влијае на креативноста. Да посочам една мисла од Едвард Вестон која се однесува токму на композициските правила:
„Да ги проверуваш правилата на композиција пред да фотографираш е исто како да го проверуваш законот за гравитација пред да тргнеш на прошетка.“ – Едвард Вестон
|
Автор: Андон Давчев, 30.11.2007 |